Денеска на Мундијалот во Катар почнува 2. коло од групната фаза со првите четири дуели во првите две групи. Во фокусот ќе биде последниот дуел од денешната програма од 20 часот во кој во рамките на групата „Б“ се среќаваат Англија и САД.
Англија ќе се обиде да го потврди местото во втората фаза со втора победа, а Американците по стартното реми со Велс се надеваат на прв успех. Саутгејт доби многу позитивни критики за настапот на неговата екипа на натпреварот со Иран, но тој истакна дека тоа не е ни половина од вистинските можности на тимот. Денеска против САД најави дека тргнуваат со „полн гас“ и очекува работата за пласман во нокаут-рундата да биде завршена вечерва со втора победа.
Англија победи на осум од нивните 11 средби против САД во сите натпреварувања, постигнувајќи 39 гола. Американците откако го пропуштија Светското првенство во 2018 година, ќе се обидат да влезат во втората рунда, но за тоа не смеат да помислат на пораз денеска. Тие влегуваат во петочниот натпревар без пораз во нивните претходни две средби на Светското првенство со Англија, вклучително и шокантниот триумф од 1-0 во групната фаза во 1950 година.
Инаку денеска програмата сратува со пресметката меѓу Велс и Иран во која Велшаните со победа со една нога ќе исчекорат кон следната фаза на турнирот. Селекторот на Велшаните, Пејџ има голем број на дилеми за стартните 11 за оваа средба, вклучително и тоа дали да го вклучи Кифер Мур од самиот почеток по неговиот настап со САД. Фаворит да седне на клупата е и Хари Вилсон.
Домаќинот на СП Катар по стартниот пораз од Еквадор денеска ќе бара прва радост против Сенегал, кој исто така беше поразен на стартот од Холандија. Пораз за која било од овие две селекции ќе значи и крај на надежите за нокаут-фазата.
Во последниот дуел од програмата се среќаваат Холандија и Еквадор, се чини во директна пресметка за првото место во групата „А“. Малку е веројатно дека ќе има какви било промени во двете селекции, со исклучок на Мемфис Депај кој би требало да биде стартер во формација 3-5-2 кај „лалињата“.
👇 Today’s FIFA World Cup matches! 👇 pic.twitter.com/FK62OW0I7H
— Bet9ja (@Bet9jaOfficial) November 25, 2022