Францускиот репрезентативец Лука Ернандез успешно го оперира коленото во клиника во австрискиот град Инсбрук, јави ДПА.
Хернандез ги оштети вкрстените лигаменти на почетокот на мечот со Австралија, кој Франција го доби со 4-1. Тој беше принуден да биде заменет со неговиот брат Тео во 13. минута.
Дефанзивецот се врати во базата на својот тим Баерн, од каде вчера беше испратен на хируршка интервенција. Германскиот клуб не го објави периодот на опоравување на играчот, но се верува дека тој ќе го пропушти остатокот од сезоната.