Е.Пелистер рутински против Јуниор Кисела Вода

58

Тимот на Е.Пелистер вечерва немаше поголеми проблеми да се справи со тимот на Јуниор Кисела  Вода и рутински го совлада со конечни 38-20.

Фактот што Битолчани одиграа силен дуел против тимот на  Фуксе Берлин во Лигата на Европа очигледно дека не им пречеше , па денеска со речиси двојно повеќе голови во проивничката мрежа стигнаа до уште една победа во домашниот шампионат.

Хененберг беше најефикасен во таборот на битолчани со седум гола, по шест постигнаа Костески и Стоилевски, додека по шест гола за гостите од скопска Кисела Вода постигнаа Симоноски и Митровиќ.

ПретходноБуфон со порака до Иранците: Вие сте херои, со својата храброст вие ќе влезете во историјата!
СледноМарка: Жоао Феликс го напушта Атлетико Мадрид