Изненадувачки: Спортскиот директор на Ливерпул си поднел оставка

133

Спортскиот директор на Ливерпул, Џулијан Ворд, најави дека на лето ќе го напушти „Енфилд“.

Менаџерот, кој ја презеде функцијата пред само неколку месеци, поднел писмо за оставка до раководството. Тој не најавил никаква намера да започне со работа во друг клуб, туку едноставно сакал да паузира од спортот на неопределено време.

Минатото лето Ворд ја презеде функцијата и го наследи Мајкл Едвардс, кој пак важеше за еден од главните двигатели на успесите на клубот во последните години. Ворд работеше во Ливерпул на различни позиции повеќе од една деценија пред да биде промовиран во спортски директор.

Откако го презеде, тој беше клучен во важните трансфери како оние на Луис Дијаз и Дарвин Нунес. Според англиските медиуми, клупските шефови биле шокирани од неговата одлука да си замине.

Како резултат на тоа, менаџерот Јирген Клоп се очекува да има поголема моќ во одредувањето на трансфер политиката следното летото.

ПретходноАлвеш: Мбапе е феномен, но не сфаќа дека Меси и Нејмар се поголеми феномени од него
СледноСаудискиот принц решен да купи еден од англиските гиганти Ливерпул или Манчестер Ј.