Канада е последниот полуфиналист на Дејвис Купот

107

Канада стигна до победа од 2-1 над Германија и се пласира во полуфиналето на Дејвис купот, неофицијалното светско екипно првенство во тенис за мажи.

Јан-Ленард Штруф и донесе водство на Германија во шпанскиот град Малага, откако го победи Денис Шаповалов со 6:3, 4:6, 7:6(2) во првиот сингл, но шестиот светски рекет Феликс Ожер-Алиасим израмни со триумф од 7:6(1), 6:4 над Оскар Оте.

Во решавачкиот натпревар во двојки, Шаповалов и Вашек Поспишил победија против Кевин Кравиц и Тим Пуец со 2-6, 6-3, 6-3 и им ја донесоа конечната победа на Канаѓаните.

Така, во борбата за место во второто финале на последните три изданија на турнирот, Канада ќе се соочи со Италија, која вчера со победа од 2:1 ги елиминираше САД.

Во второто полуфинале ќе играат минатогодишниот вицешампион Хрватска и 26-кратниот победник Австралија.

ПретходноДенеска на СП: Американците се „визата“ на Англија за втората фаза
СледноБејл со апел до наставниците во Велс: Пуштете ги децата да го гледаат натпреварот со Иран, тоа е историја!