Македонија пред СП ќе се “тестира“ со Хрватска и Израел!

154

Нашата најдобра ракометна селекција во пресрет на настапот на СП ќе одигра неколку контролни натпревари. Два од тие се оние против Хрватска и Израел во рамките на „Кроација Куп“, кој ќе се одржи пред стартот на Мундијалот.

Познато е дека стартот на подготовките селекторот Кире Лазаров ќе го означи следниот месец. Кога сме кај СП да кажеме дека нашата репрезентација се наоѓа во група со Аргентина, Норвешка и Холандија. Најдобрите три екипи од групата ќе се пласираат во следната фаза.

Мундијалот се одржува од 11 до 29 јануари.

ПретходноПрекинат штрајкот во Победа, играчите почнаа со тренинзи, во недела ги чека дуел со Шкупи!
СледноДанците демантираат дека сакале да го напуштат СП во Катар!