Марка: Жоао Феликс го напушта Атлетико Мадрид

388

Очигледно дека времето на Жоао Феликс кое го мина во Атлетико Мадрид е на крајот. Некогаш нејбараниот фудбалер на светот, а и стрелец за Португалија на тековниот Мундијал во Катар, очигледно дека сака да ја промени средината и уште зимава сака да си замине од Мадрид.

Барем така пишува Марка, која што тврди дека Жорж Мендеш прославениот агент и неговиот клиент Феликс, веќе имале разговори на темава. Офанзивецот јасно ставил до знаење дека му е доста од дефанзивата на Диего Симеоне, дека со неговата тактика, реално стагнира во развојот и дека му е потребен нов предизвик.

ПретходноЕ.Пелистер рутински против Јуниор Кисела Вода
СледноНено скромен во новиот триумф на Уникс