МЗТ Скопје во продолжение на сезоната останува без еден македонски репрезентативец!

462

МЗТ Скопје и Андреј Магдевски пред време ќе ја раскинат соработката, информација која се чека на потврда од страна на раководството на актуелниот македонски првак.

Репрезентативецот оваа сезона се врати во редовите на тимот од Аеродром, но засега од непознати причини повеќе нема да го носи „сино-белиот“ дрес.

Магдевски одигра седум меча во АБА-лигата, имаше просек 4,9 поени, 2,7 скока, 5,4 асистенции.

Во редовите на МЗТ Скопје дојде од Плоешти каде имаше одлична сезона, во периодот од 2018 до 2021 година беше дел од тимот од Аердром.

ПретходноКалин сопрен во четвртфиналето во Мадрид!
СледноЃорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Грција!