Легендарниот бразилски дефанзивец Марсело (34), кој до неодамна беше капитен на Реал (М), по се изглед уште оваа зима ќе добие „клоца“ од грчки Олимпијакос. Бразилецот по 16 сезони на „Сантијаго Бернабеу“ изненадувачки потпиша договор до крајот на сезоната со Олимпијакос во септември, но ниту со тренинзите, ниту со настапите успеа да ги задоволи грчките фанови.
Досега тој одигра само пет натпревари (два во првенството) и веднаш е ставен на трансфер листа.
„Во тимот не ми треба играч кој има сила само за половина час игра“, изјави тренерот на грчкиот шампион Мичел, исто така легенда на Реал.