Пелистер и ТФТ по поправен во Сараево!

59

Македонските претставници во АБА2-лига продолжуваат со обврските во ова натпреварување. Вториот „балон“ во Сараево не почна најдобро ниту за тимот на Пелистер, по двете победи на стартот, избраниците на Марјан Илиевски беа поразени од Широки, кој токму на нивна сметка ја запиша првата победа оваасезона.

Пелистер денеска (18 часот) ќе има шанса за поправен, игра против Осијек, тим кој е во долниот дел на табелата, има една победа и два порази, па ова ќе биде одлична шанса за враќање на старите патеки.

Во последниот термин од денешната програма (21 часот), ТФТ ќе ќе ги одмери силите со Слога. По четирите порази, актуелниот освојувач на Купот на Македонија време да се разбуди и да докаже дека местото му е во ова друштво. Противникот има една победа и три порази, не е во горниот дел на табелата.

ПретходноНејмар ги пропушта дуелите со Швајцарија и Камерун, се враќа за осминафиналето!
СледноТрансфери: Феникс 2010 го претстави Џордан, Јузбашиќ потпиша за Кожув! (ФОТО)