Познато е што Роналдо извади од шорцевите, а потоа го изеде (ВИДЕО)

627

Кристијано Роналдо успеа да постигне уште еден неверојатен рекорд бидејќи стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на дури пет светски првенства. И покрај ова достигнување, сите зборуваат за еден детал од синоќешниот натпревар против Гана кога во еден момент зеде нешто од шорцевите и јадеше.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња на теренот мина 88 минути, а покрај голот имаше и многу интересен момент кои камерите го „уловија“.

Имено, на социјалните мрежи хит видео на кое се гледа како Роналдо вади нешто од шорцевите и го јаде. Португалските медиуми решија да објаснат што всушност се случило, односно што јадел Роналдо. Тврдат дека во шорцот имал енергетско чоколадо кое го чувал за второто полувреме, а го изел откако почувствувал дека полека ја губи силата.

Многумина се чудат зошто истото не го побарал од од лекарскиот тим за време на натпреварот кога веќе му била потребна, туку ја извадил од шорцевите.

На почетокот не беше многу јасно што се случува и многумина беа згрозени од потегот на Роналдо бидејќи сметаат дека тоа што го направи не е баш хигиенски.

ПретходноЕрнандез го оперираше коленото, сезоната за него е завршена
СледноНе издржа ни 3 месеци: Олимпијакос ќе го избрка Марсело