Прекинат штрајкот во Победа, играчите почнаа со тренинзи, во недела ги чека дуел со Шкупи!

1124

По точно три недели фудбалерите на Победа од вчера повторно се во тренажен процес. Да потсетиме дека тие беа во штрајк поради неисплатени плати и тој штрајк траеше како што веќе рековме три недели. Сепак и покрај тоа што раководството не успеало да ги исплати фудбалерите, односно да ги исплати своите долгови кон нив, самите играчи вчера почнале со тренинзи со намера неделниот меч со Шкупи сепак да се одигра.

И така ќе биде се до крајот на есенскиот дел, остануваат уште три кола, па потоа ќе се види како би се разрешиле дилемите.

Навистина штета. Победа и покрај фактот дека имаше големи проблеми, имаше и не така конкурентен тим, сепак успеваше да игра добро и да освојува бодови а со тоа да ги собере симпатиите на неутралните фудбалска фанови во Македонија.

ПретходноКосово бара од ФИФА остро да се казнат Србите за истакнување на паролата во соблекувалната! (ФОТО)
СледноМакедонија пред СП ќе се “тестира“ со Хрватска и Израел!