Сава Радиќ: Струга ТЛ ја очекува тежок меч во Кратово, се надевам дека ќе ги освоиме трите бода

184

Утре со првиот меч од 16.коло во Кратово меѓу Силекс и Струга Трим Лум, продолжуваат возбудувањата во нашата ПМФЛ. Сите останати мечеви се закажани за во недела, но јасно е дека утре се игра дербито. Силите ќе ги одмерат четвртиот тим на табелата и лидерот Струга ТЛ.

За она што може да се очекува од аспект на стружани, свој коментар има Сава Радиќ, дефанзиецот на лидерот:

Гостуваме кај една добра екипа, која има квалитет, тие знаат што сакаат, но и ние имаме свои цели. Ова ќе биде многу тежок натпревар за нас, но се надевам дека ќе се вратиме во Струга со 3 бода. Важно е да одиграме добар натпревар, сепак ќе биде тежок терен за игра, мора да бидеме многу концентрирани, фокусирани и да ги исполниме барањата на нашиот тренер што ќе ни ги даде. Добро ја искористивме двонеделната пауза, се одморивме малку, но секако и многу трениравме“ посочи Радиќ.

ПретходноДанците демантираат дека сакале да го напуштат СП во Катар!
СледноЕнер Валенсија одличен, Еквадор храбар, но само до бод со Холандија! (ВИДЕО)