Спектакуларен финиш: Иран со голови во 90+8. и 90+11.минута го победи Велс! (ВИДЕО)

459

Во меч од 2.коло во групата – Б, Иран со голови во 90+8.минута и 90+11. минутаго победи Велс со 2:0. Интересна и голема битка во Ал Рајан, азиската репрезентација беше подобра, посебно во второто полувреме. Имаше и неколку зицери, заслужи победа и на крај со голот на Чесми ја најави, а потоа и со голот на Резаин стави точка на овој меч и победа од 2:0..

Првата закана ја имаа Велшаните, но Мор во 12.минута не успеа да го совлада голманот на Иран од идеална шанса. Неколку минути подоцна, Иранците преку Голизадех ја погодија мрежата на противникот, но по реакцијата на ВАР голот беше поништен.

Во 52.минута Иран имаше три зицери во еден напад. Прво Азмун ја погоди стативата на Велс, потоа Голизадех ја погоди другата статива, а на крај Азмун шутираше во голманот Хенеси.

Навистина неверојатно е како тоа Иран не постигна гол во оваа 52.минута.

Иран продолжи со нападите, играше агресивно, напаѓаше, вршеше притисок врз голот на Велс, а во 73.минута опасно се закани Езатолахи, но голманот на Велшаните, Хенеси уште еднаш ја спаси својата мрежа.

Во 84.минута Велс преку Дејвис имаше шанса, но не погоди.

Затоа интересно беше следната минута кога Тареми беше во напад, имаше ситуација еден на еден, на него стартуваше голманот Хенеси и тоа со брутален старт по што доби црвен картон и тоа по реакција на ВАР собата. Па така Велс остана со играч помалку.

Натпреварот беше продолжен за девет минути, а во 98.минута Чесми со шут од дваесетина метри за водство, а потоа и со голот на Резаими за конечни 2:0.

По ова реми Велс сега има еден бод, а Иран три.

ПретходноНе издржа ни 3 месеци: Олимпијакос ќе го избрка Марсело
СледноАшаданов по најубедливиот пораз во историјата: Ова е реалноста!