Денеска два наши кошаркарски клубови и членови на елитната лига се пофалија со нови играчи. Американецот Џордан Такер е ново име во редовите на Феникс 2010. Станува збор за кошаркар кој е висок 201 см а настапувал во летната лига во тимот на Минесота. Тој треба да биде замената за Демнте Бакингхам кој се пресели во првенството на Унгарија.
Душан Јузбашиќ е нов член на Кожуф од Гевгелија. Српскиот интернационалец доаѓа од Куманово, каде што бележеше по 15 поени во просек. Секако дека гевгеличани очекуваат многу од Јузбашиќ.