ФИФА: Стадионите на Мундијалот се исполнети со 94 насто!

95

И покрај тоа што цел фудбалски свет гледа и забележува дека посетеноста на трибините на стадионите во Катар за време на Мундијалот и не којзнае каква, сепак денеска ФИФА излезе со реакција дека посетеноста е задоволителна и дека таа изнесува 94 насто од капацитетот.

Ова доаѓа по конфузијата околу тоа колкав е навистина капацитетот на сите стадиони во Катар. Од ФИФА објаснуваат дека тој е поголем од она што се претставува. Па така стадионот во Лусаил примал 88.966 гледачи а не 80.000 како што беше кажано.

Сепак, без разлика се очигледно е дека трибините не се полни, па дури и кога игра домашната селекција. Денеска тоа најубаво се виде на мечт меѓу Катар и Сенегал, кога на трибините имаше не мала бројка празни места.

Инаку досега најпосетен меч бил оној синоќа меѓу Бразил и Србија кого го гледале во живо дури 88.103 лица на стадионот во Лусаил со платени билети или речиси 100 насто од капацитет.

ПретходноЕнер Валенсија одличен, Еквадор храбар, но само до бод со Холандија! (ВИДЕО)
СледноПелистер со феноменална последна четвртина до триумф над Осијек!