Македонската тенисерка Лина Ѓорческа завери место во полуфиналето на турнирот во Хераклион, Грција.
Нашата најдобра тенисерка во четвртфиналето ја совлада Италијанката Софија Рокети со 2-0 во сетови (6-1, 6-4). Ѓорческа доминираше во првиот сет, го доби со 6-1, додека вториот мораше да оди по потешкиот пат.
Ѓорческа, во полуфиналната рунда ќе игра со Мириам Бјанка Булгару од Романија (шеста ностелка).