Алвеш: Мбапе е феномен, но не сфаќа дека Меси и Нејмар се поголеми феномени од него

132

Ветеранот во бразилската репрезентација, дани Алвеш, смета дека Килијан Мбапе е одличен фудбалер, но и дека во Пари Сен Жермен има двајца играчи кои се подобри од францускиот напаѓач. Бразилскиот репрезентативец играше со Мбапе, Лионел Меси и Нејмар и тврди дека другите двајца се подобри од 23-годишната фудбалска ѕвезда на Франција.

„Мбапе е феномен кој се уште не сфатил дека оние кои играат со него во нападот се поголеми феномени од него. Големиот играч секогаш мора да знае и да разбере дека неговите соиграчи се тие кои го збогатуваат неговиот квалитет“, изјави Дани Алвеш.

„Ако Мбапе им ја додава топката секогаш кога треба, досега ќе постигнеше 150 гола“.

ПретходноТиаго Силва: Селекторот на Србија покажа непочитување кон нас
СледноИзненадувачки: Спортскиот директор на Ливерпул си поднел оставка