Ашаданов по најубедливиот пораз во историјата: Ова е реалноста!

201

Македонската женска кошаркарска репрезентација на гостувањето кај Белгија во рамките на третото квалификациско коло за пласман на ЕП 2023 година беше совладана со убедливи 112-41. Ова е највисокиот пораз во историјата на женскиот национален тим после 2018 година кога „црвено-жолтите“ беа совладани од Шведска во Скопје со 118-114.

По еден ваков меч, тешко е да се издвојат вистинските зборови, селекторот Александар Ашаданов го потврди тоа што веќе на сите ни е јасно. Женската кошарка тоне со години.

„Ова е некоја, би ја нарекол, сурова реалност. Игравме против еден, за нас, пресилен противник. Селекција која е одлично покриена на сите позиции, има одлична ротација, и која веројатно до крајот на квалификациите ќе ги добие сите натпревари, вклучително и наредниот со БиХ. Евидентно е во нашата игра дека ни недостасуваше вистински организатор на играта. Се обидовме да го надополниме отуството на нашата најдобра кошаркарка. Но видливо беше дека тоа тешко ни оди. Без квалитетен плејмејкер, е двојно потешко и за другите. Немам замерки, Белгија е едно ниво над нас, и за нас останува да пронајдеме начин како да ја поправиме играта пред наредниот дуел, оној со Германија во Скопје“.

Македонија мора да се сврти кон следната средба, а тоа е против Германија за два дена.

ПретходноСпектакуларен финиш: Иран со голови во 90+8. и 90+11.минута го победи Велс! (ВИДЕО)
СледноЛудница од натпревар и лудо славје на фантастичните Иранци! (ФОТО)