Данците демантираат дека сакале да го напуштат СП во Катар!

106

Многу врева се дигна во јавноста, а посебно во ФИФА и воопшто кај сите на Мундијалот во Катар, по најавите дека репрезентацијата на Данска има намера да се повлече од СП. Тоа го кажаа самите претставници на Фудбалската федерација на Данска, но најново е тоа што тие демантираат дека рекле такво нешто и дека немаат намера да се повлечат од Катар.

Инаку Данците се најгласни во поддршката на ЛБГТ популацијата па тоа им донесе проблем.

Поедини медиуми погрешно ги сфатија нашите изјави дека Данска сака да го напушти Катар во знак на протест. Тоа не е точно, тоа не беше кажано од нас на прес – конференцијата. Да, ние критикуваме, ние сме гласни, ние нема да гласаме за претседател на ФИФА, но немаме намера да се повлечеме од Мундијалот“ велат челниците на Фудбалската федерација на Данска.

ПретходноМакедонија пред СП ќе се “тестира“ со Хрватска и Израел!
СледноСава Радиќ: Струга ТЛ ја очекува тежок меч во Кратово, се надевам дека ќе ги освоиме трите бода