Како што јавува самиот клуб, МЗТ Скопје Аеродром, досегашниот негов член Андреј Магдевски, по сопствена иницијатива го напушта клубот и наскоро ќе има нова средина.
Магдевски пристигна во Аеродром минатото лето како повратник од странство, и имаше договор до 2024 година. Сепак, иако деновиве биле водено интензивни разговори со него, сепак, управата на клубот не успеала да го убеди да остане.