Пелистер со феноменална последна четвртина до триумф над Осијек!

105

По поразот од Широки во минатото коло, инаку прв сезонава во АБА 2, вечерва во рамките на вториот “балон“ во Сараево, нашиот претставник во ова регионално натпреварување се врати на победничките патеки. Момците на стратегот Марјан Илиевски го победија Осијек со 83:71 во меч од четвртото коло, па така сега имаат скор од три победи и еден пораз.

Веднаш да кажеме дека битолчани вечерва славеа и поради одлично одиграниот последен период од натпреварот кој го добија со 23:8.

Пелистер добро почна, имаше два победи водство по првата четвртина, но противникот заигра подобро и третиот период го доби со пет поени разлика.

Најефикасен кај нашиот тим беа Хаџифејзовиќ со 20 поени, Караџовски постигна 17.

ФОТО: ABA League

j.t.d./Dragana Stjepanovic

ПретходноФИФА: Стадионите на Мундијалот се исполнети со 94 насто!
СледноБуфон со порака до Иранците: Вие сте херои, со својата храброст вие ќе влезете во историјата!