ТФТ со пораз од Слога Краљево

106

Лошиот финиш на дуелот, односно промашените клулни удари кон противничкиот кош, се главна причина што тимот на ТФТ го доживеа петтиот последователен пораз во АБА 2 лигата.

Овојпат, тоа е од тимот на Слога Крањево кој славеше со конечни 92:88, кој успеа да ги анулира одличните партии на Костовски и Мекбреер кој погодија по 20 поени но попусто.

Дефанзивата на ТФТ едноставно во последните моменти премногу пати се распадна, за да може да се надева на поволен резултат.

Во првиот дел реално, ТФТ имаше далеку подобар однос на теренот, имаше и резултат, но потоа несфатливо скопскиот тим падна пред се психолошки очиглендо и не успеа да обезбеди поволен резултат, што ќе беше прв во овогодинешната АБА сезона.

ТФТ е дванаесетти тим на табелата, додега Слога е петта.

 

ПретходноОфицијално: Магдевски си замина од МЗТ Скопје Аеродром
СледноДенеска на Мундијалот: Меси и Аргентина на поправен!