Хари Кејн носи часовник од 535 илјади фунти за да ѝ пркоси на ФИФА (ФОТО)

392

Иако ФИФА им забрани на капитените на националните тимови да носат ленти со виножито „One Love“, Хари Кејн најде начин да даде поддршка за ЛГБТ+ заедницата во Катар. Тој носеше рачен часовник со виножито на пат кон соблекувалната по победата над Иран.

Станува збор за моделот Rolex Daytona Rainbow 116595RBOW, кој чини 535.000 фунти. Инстаграм профилот на „Insane Luxury Life“ истакнува дека е изработен од 18-каратно злато и е еден од најбараните на пазарот. На него има 36 сафири и 56 дијаманти, додека функцијата на броеви ја вршат обоените сафири.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by INSANE LUXURY (@insaneluxurylife)

ПретходноЈуниорите на Алкалоид со најмногу медали на екипното првенство во шах
СледноПобеда за Сенегал, историја за Катар! (ВИДЕО)