ПМФЛ: Лидерот ќе го “освојува“ и Кратово!

209

 

По пауза од две недели, викендов продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ и тоа со натпреварите од 16.коло. За денеска од 13 часот е закажано дербито кое се игра во Кратово а во кое силите ќе ги одмерат Силекс и Струга Трим Лум. Според она што досега го покажаа во изминатиот дел од есенската полусезона јасно е дека и двете екипи се аспиранти за највисок пласман. Посебно тука мислиме на лидерот, на екипата на Струга Трим Лум. Стружани не кријат дека и денеска против Силекс ќе одат по трите бода, тие сакаат да излезат како победници и од оваа битка. Имаат верба во себе, имаат квалитет, оптимизам. По кризата која ги “фати“ неколку кола тие и тоа како се вратија на победничките патеки.

Силекс пак јасно е дека како домаќин си има свои амбиции. Ретко која екипа оваа есен се наиграла во Кратово. Тешко се освојуваат бодови кај Силекс, тешко се “освојува“ Кратово, но ако некој тоа го може тогаш секако дека е тимот на стратегот Срѓан Захриевски кој некогаш токму во Силекс се промовираше како еден од нашите најдобри играчи и репрезентативци во тоа време.

Ќе биде супер интересно, ќе се води голема битка, се очекува да има многу тактика, и веројатно не многу голови.

Кога сме кај традицијата овие две екипи досега одиграле 8 натпревари, Силекс има две победи, двапати мечевите завршиле без победник а Струга ТЛ има четири победи. Последниот меч во Кратово тимот на Струга ТЛ го доби со 0:1, а во првиот круг сезонава, во Струга тогаш исто стружани победија, но со 2:1.

ПретходноРафиња бесен на навивачите!
СледноБруно Фернандеш: Се надевам дека ќе продолжат да го критикуваат Роналдо!