Полувреме: Аргентина нема игра, Мексико успешно ги „разоружа“ Меси и другарите

84

Репрезентациите на Аргентина и Мексико не успеаја да создадат ниту една конкретна шанса за гол во првите 45 минути од последниот вечерн меч на Мундијалот. Затворен, внимателен фудбал од двете селекции, без посебен ризик во нападот. Вниманието главно свртено кон средината на теренот, каде најмногу од се видовме прекршоци.

Мексиканците со чести прекини ја спречуваа течната игра на „гаучосите“, тие пак возвратија со слична игра во финишот. Статистички ќе останат забележани четири шутеви во рамките на головите. Мексико се закани трипати, од кои еднаш и од слободен удар на Вега, а Аргентина дури во 40. минута првпат се обиде кон голот на Очоа со удар со глава на Лаутаро.

Ако нешто не се промени во играта на Аргентина, „гаучосите“ тешко дека ќе успеат да зачекорат кон осминафиналето и по денешниот меч.

ПретходноСелекторот на С.Арабија: Самите сме виновни што загубивме
СледноГерманија и утре без Лерој Сане?