Алкалоид им се врати на победите, Вардар лесно против Охрид

103

По поразот од актуелниот македонски првак, Алкалоид брзо се рехабилитираше, се врати на старите навики – победите. Избраниците на Кирил Лазаров на гостувањето во Струга славеа со 29-44(14-22) во рамките на 12 коло во Супер-лигата.  За дебитантот ова беше десетта победа оваа сезона, на другата страна домашниот тим го запиша поразот број шест.

Серафимов постигна осум гола, по седум имаа Петковски и Кофиловски, во редовите на Струга, Бугариновиќ запиша седум гола.

Изедначена битка имаше само на стартот на мечот, по 2-2, ракометарите на Алкалоид со серија од 4-0 поведоа со 2-6 и го наметнаа своето темпо. Најголемата предност во првото полувреме изнесуваше девет гола 8-17, на одморот позитивата беше 14-22.

Домаќинот не успеа да најде против игра за Алкалоид, беше немоќен во секој поглед, па уште на средината на второто полувреме беше јасно дека оваа средба ќе оди во една насока. Гостите поведоа со двоцифрени 27-36, кои ги задржаа до самиот финиш.

На втората средба од групата А, лидерот Вардар без проблем го доби мечот против Охрид, славеше со 32-25. Моралес и Талески беа лидери, постигнаа по шест погодоци, на другата страна Бојаниќ имаше осум гола.

Со оваа победа, македонскиот првак обезбеди место во плеј-офот.

ПретходноМбапе кога најмногу требаше (ВИДЕО)
СледноРоналдо ги почасти соиграчите со вечера во Катар