Бабунски: Се знае кој е Шкупи, сепак Победа ќе се обиде да изненади!

402

Утре во Прилеп, во меч од 16.коло во ПМФЛ, Победа го пречекува Шкупи, актуелниот шампион, еден од најдобрите тимови во нашата земја. Прилепчани се во незгодна ситуација, играчите не тренираа подолго време, но од завчера се во тренажен процес и од нив се очекува да го дадат својот максимум во моментов.

За тоа што може да се очекува на овој натпревар, за “Спортмедиа“ говори стратегот на Победа, Бобан Бабунски:

Нема ништо ново да кажам дека ќе играме против еден силен тим, се знае кој е Шкупи, актуелен шампион на Македонија. Затоа е и фаворит, квалитетот е на негова страна. Но тоа не значи дека ние предвреме ќе се предадеме. Ќе играме фудбал, ќе одиграме најдобро што можеме во моментов и ќе се обидене да изненадиме. На крајот ќе видиме каков ќе биде резултатот“ посочи Бабунски.

ПретходноШокантно видео: Еве како Србите го (пре)тепаа Нејмар! (ВИДЕО)
СледноАгрон Руфати од зима во Академија Пандев