Екипата на Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога против Куманово, на гостински терен славеше со убедливи 19-31 во рамките на 12. коло во Супер-лигата. Скопскиот состав дојде до осмата победа, по поразот на Охрид од Вардар се врати на третото место на табелата во групата А.
Ракометарите на Куманово пружија посилен отпор во првото полувреме, во кое имаа водство во неколку наврати. Гостите пред одморот со серија од 3-0 поведоа со 11-14, позитива која во следните 30. минути полека ја зголемуваа. Дуелот беше решен многу порано, бидејчи Бутел Скопје рано стигна до двоцифрени 14-24, до крајот рутински го приведе натпреварот.
Николов со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Ѓеоргиевски со шест погодоци. Кај Куманово, Мрвовиќ имаше осум гола.