Бруно Фернандеш: Се надевам дека ќе продолжат да го критикуваат Роналдо!

1800

Кристијано Роналдо во последно време е постојано на мета на критичарите, а неговиот соиграч од националниот тим, Бруно Фернандеш, смета дека токму бројните негативни коментари позитивно се одразуваат на него.

Роналдо се запиша во листата на стрелци против Гана, успеа да влезе и во историјата на Светските првенства, но тоа не беше доволно за критичарите.

„Мислам дека Кристијано ужива кога е критикуван, затоа ги замолувам сите да продолжат со критиките, бидејќи истите го будат најдоброто од него“, рече Фернандеш.

Кристијано Роналдо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, на Мундијалот во Катар настапува како слободен играч.

ПретходноПМФЛ: Лидерот ќе го “освојува“ и Кратово!
СледноВМФЛ: Соседска битка за да се докаже кој е “ГЛАВЕН“ во Охрид!