ВМФЛ: Пелистер во 93.минута дојде до триумф, Вардар имаше милост кон Тетекс, Детонит до бод среде Гостивар

2147

Попладнево се одиграа сите осум мечеви од 13.коло во ВМФЛ. Се чини најинтересно беше меѓу Пехчево Скопје и Пелистер. Домашните имаа водство од 2:0, но тогаш битолчани тргнаа на се или ништо и добија три бода. Прво намалија, па Маневски од пенал израмни на 2:2 за да Љамчевски со гол во 93 минута донесе големи три бода за Пелистер.

Вардар имаше милост кон Тетекс, го победи само со 0:2 и тоа со головите на Николовски и Мицевски. Јасно е дека кон “братскиот“ клуб не треба да покажуваш сила. Со оваа победа Вардар сега е лидер со оглед на тоа дека Гостивар киксна на свој терен. Детонит Плачковица одигра 1:1 и му “украде“ два бода на тимот од Гостивар.

Воска Спорт го победи Охрид со 3:0 во градското дерби и покажа кој е кој во градот.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 13.КОЛО

ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 2:3

КАМЕНИЦА САСА – КАРАОРМАН 2:2

БЕСА – БОРЕЦ 3:0

ГОСТИВАР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1:1

ВОСКА СПОРТ – ОХРИД 3:0

СЛОГА (В) – АРСИМИ 0:0

БЕЛАСИЦА – КОЖУФ 3:1

ТЕТЕКС – ВАРДАР 0:2

ПретходноПМФЛ: Моќна е оваа Струга ТЛ, лидерот го “ОСВОИ“ и Кратово!
СледноПобедничко селфи: Струга ТЛ пред историски успех, речиси е есенски шампион!