ВМФЛ: Соседска битка за да се докаже кој е “ГЛАВЕН“ во Охрид!

585

 

За денеска од 13 часот закажани се сите натпревари од 13.коло во ВМФЛ. Веројатно дербито се игра во Гостивар, каде истоимениот тим од позиција на лидер го дочекува Детонит Плачковица на стратегот Горан Здравков, но сепак се очекува најинтересно да биде на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, каде во градската пресметка се среќаваат соседите Воска Спорт и Охрид. Тоа ќе биде битка за да се докаже кој е „ГЛАВЕН“ во градот покрај Охридското езеро.

Вардар веќе ги прокнижи трите бода, игра со очајниот Тетекс, само прашање е со колкава разлика ќе победи. Пелистер му гостува на Пехчево Скопје, а интересно ќе биде и во дербито на Југот каде Беласица го дочекува Кожуф. Се подобриот Караорман и гостува на Каменица Саса, додека Беса не би требало да има проблем против Борец кој досега во изминатите 12 кола не освои ниту еден бод.

 

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

КАМЕНИЦА САСА – КАРАОРМАН

БЕСА – БОРЕЦ

ГОСТИВАР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА

ВОСКА СПОРТ – ОХРИД

СЛОГА (В) – АРСИМИ

БЕЛАСИЦА – КОЖУФ

ТЕТЕКС – ВАРДАР

ТАБЕЛА

Гостивар 30, Вардар 29, Воска Спорт 27, Детонит Плачковица 24, Пелистер 23, Охрид 22, Караорман 18, Беласица 16, Беса 14, Кожуф 14, Арсими 13, Каменица Саса 12, Пехчево Скопје 11, Слога (В) 9, Тетекс 7, Борец 0 бодови

ПретходноБруно Фернандеш: Се надевам дека ќе продолжат да го критикуваат Роналдо!
СледноСлободен влез за дуелот меѓу Македонија и Германија!