Давидовски ќе стартува од првиот ред на финалниот гран при викенд од WTCR

79

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски овој викенд настапува на финалниот гран при викенд од WTCR, кој се одржува на патеката во Џеда, Саудиска Арабија.

Во саботните квалификации тој успеа да оствари пласман во втората квалификациска сесија, а во неа го зазема 9. место со време кое беше за нешто повеќе од половина секунда побавно од она на провизорната пол позиција во тој момент.

Согласно правилата, тој во првата трка ќе стартува од 9. место, додека во втората трка кога првите 10 возачи ги ротираат стартните позиции, ќе се најде на 2. место од првиот ред.

Давидовски настапува за тимот „Comtoyou“, а неговиот тимски колеги Натаниел Бертон ја има пол позицијата во првата трка. Шампионот на ТЦР Европа, Франко Џиролами, кој исто како Давидовски настапува со „вајлд карта“, ќе стартува од шестото место, откако задоцни нецели три десетинки во својот најбрз круг. Трките во Џеда ќе се емитуваат директно на програмата на „Еуроспорт“, а во Македонија како снимка ќе ги емитува „Телевизија 24“.

ПретходноФИФА отвори постапка поради знамето во соблекувалната на Србија
СледноДенеска на Мундијалот: Гигантот Германија пред испаѓање од СП!?