Струга ТЛ со триумф се враќа од Кратово, победа од 1:2 кај Силекс и со овие три бода веројатно полусезоната ќе ја заврши како прва на табелата.
Блескаво прво полувреме, но во второто посебно во финишот ќе беше за малку од готово па вересија.
Срѓан Захариевски, стратегот на стружани за “Спортмедиа“ по мечот истакна:
“Голема, голема победа за нас. Освоени се големи три бода. Тешко е да се игра во Кратово, тоа се виде во второто полувреме кога за малку ќе загубевме два златни бода. На полувремето ги предупредив играчите дека тоа водство од 0:2 не ни гарантира победа, и тоа се покажа во самиот финиш кога ќе останевме без победата. Сепак на крајот мораме да бидеме задоволни од победата, честитки за нашите играчи“ заврши Захариевски.