Леброн се врати, го прескокна Мелоун – Лејкерси победија (ВИДЕО)

134

Леброн Џејмс по пауза од шест мечеви се врати во редовите на ЛА Лејкерси, кои оваа сезона тргнаа лошо и го имаат петтиот најлош рекорд 5-11.

„Кралот“ заедно со Ентони Дејвис го предводеа својот тим до победа над Сан Антонио од 105-94. „Езерџиите“ и натаму се во долниот дел од табелата во Западната конференција.

Леброн постигна 21 поен, додека Дејвис зад своето име запиша дабл-дабл од 25 поени и 15 скока.

„Се чувствувам одлично на теренот заедно со момците. Среќен сум што успеав да им помогнам да дојдеме до победата“, изјави Леброн по мечот.

Леброн на овој меч го прескокна Карл Мелон на вечната листа на стрелци. По дуелот дојде до бројката од 35.811 поени, пред него сега е само Карим Абдул Џабар со 28.387 поени.

Никола Јокиќ со дабл-дабл учествуваше во победата на Денвер над ЛА Клиперс од 114-110. Српскиот центар зад своето име запиша 19 поени, 13 скока и шест асистенции. Гордон имаше 29 поени и 7 скока, на другата страна Вол имаше 23 поени.

Резултати: Орландо – Филаделфија 99-107, Њујорк – Портланд 129-132 (прод.), Бостон – Сакраменто 122-104, Хјустон – Атланта 128-122, Индијана – Бруклин 128-117, Мемфис – Њу Орлеанс 132-111, Мајами – Вашингтон 110-107, Милвоки – Кливленд 117-102, Оклахома – Чикаго 123-119 (прод.), Сан Антонио – ЛА Лејкерс 94-105, Феникс – Детроит 108-102, Голден стејт – Јута 129-118, ЛА Клиперс – Денвер 104-114.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Меси и Аргентина на поправен!
СледноРафиња бесен на навивачите!