„Л’Екип“: Заминувањето на Бензема има позитивен ефект врз репрезентацијата

400

Франција го отвори СП со победа над Астралија со 4:1 иако „кенгурите“ први постигнаа гол. Актуелниот светски шампион денеска го игра мечот од 2.коло против Данска. Пред мечот угледниот „Л’Екип“ објави помалку неверојатна вест за атмосферата во францускиот тим.
Карим Бензема поради повреда го напушти кампот и нема да игра на СП, па за многу играчи тоа негово заминување влијаело позитивно! Посебно на оние играчи од нападот.
Бензема заминал без да се поздрави со колегите, а сега во националниот тим се чувствувала многу подобра комуникација меѓу поискусните и помладите репрезентативци, а одлично функционираат и Мбапе и Жиру кои имаа конфликт на последното европско првенство.

„Лекип“ тврди дека и селекторот Дидие Дешамп не жали премногу за Бензема, затоа што неговото заминување обезбедила тимска алхемија каква досега само посакувал, а не можел да обезбеди за својата репрезентација.

ПретходноХоландија со најлош меч на СП, Ван Гал смирува: Имајте верба во овие момци…
СледноФантастичен гол на Дјук за прва победа на Австралија на СП во Катар (видео)