Килијан Мбапе ја одведе репрезентацијата на Франција во елиминационата фаза од Мундијалот во Катар, затоа што е двоен стрелец во триумфот на „Триколорите“ над Данска предмалку од 2:1.
Во меч во кој Франција имаше и доста среќа Мбапе беше стрелец на два пати и ја донесе втората победа во два меча за својот национален тим, шест бода, и минување во следната фаза.
По полувремето без голови, Мбапе погоди најпрво во 61. минута, а потоа Кристенсен израмни на 1:1 седум минути подоцна. Данците имаа ситуација и да поведат, немаа среќа да погодат во противничкиот гол, па беа казнети. Гризман во 86. минута нафрли на петерецот од десно, за Мбапе на петерецот, а овој спретно погоди за 2:1, и го постави конечниот резултат.