По едно досадно прво полувреме во кое Аргентина ниту еднаш директно не успеа да се закани кон голот на Мексико, Меси и другарите во вторите 45 минути успеаја да го решат прашањето за победникот на клучниот меч за нив во оваа втора рунда од натпреварите по групи на Мундијалот во Катар. „Гаучосите“ го совладаа Мексико со 2:0.
Ѕвездата на светскиот фудбал успеа со шут од далечина кога на Аргентина ништо не и одеше од рака да погоди во мрежата на Гилермо Очоа и во 64. минута да и го донесе толку посакуваното водство од 1:0. По овој погодок се беше поинаку.
Мексико се отвори, но беш вистинска шанса за гол, а Аргентинците успеваа да ги искористат брзите контри за да создадат уште неколку шанси. Печат на победата стави младиот 21-годишен напаѓач на Бенфика, Енцо Фернандез, кој со еден извонреден солистички потег во 87. минута ги постави конечните 2:0.
Во последната рунда и двата меча во групата „Ц“ ќе бидат решавачки за натамошниот пласман. Аргентина игра директен дуел со Полска, а Мексико ќе се обиде со триумф над С. Арабија да се провлече до осминафиналето, но само со подобра гол разлика од Полска, во случај Аргентина да слави.