Одбојкарките на Наковски Волеј го добија струмичкото дерби во рамиите на 10. коло од домашното одбојкарско првенство. Денеска во најинтересниот меч, градските ривалки одиграа четири сета, од кои првите два беа исклучително неизвесни. Наковски волеј го доби првиот сет на разлика со 28:26, а ништо понеизвесен не беше и вториот сет кој им припадна на одбојкарките на Струмица. Одлуката падна во третиот и четвртиот сет која Наковски волеј покажа многу подобра одбојка и заслужено славеше.
Нова победа и за шампионот Работнички, а сигурни беа и одбојкарките на Јанта Волеј КБ совладувајќи го Фит Фан Волеј во три сета и тоа на гости.
Прва лига (Жени) 10.коло
Работнички – Вардар 2019 3:0 (25:19, 25:15, 25:13)
Струмица – Наковски волеј 1:3 (26:28, 25:20, 12:25, 14:25)
Фит фан волеј – Јанта волеј КВ 0:3 (17:25, 12:25, 22:25)
Вардар ЕМ – Македонија Макс 3:0 (25:8, 25:14, 25:6)
Табела: Работнички Скопје 9-1, Јанта волеј КВ 9-1, Наковски волеј 7-3, Фит фанволеј 6-4, Струмица 3-7, Вардар ЕМ 4-6, Вардар 2019 2-8, Македонија Макс 0-10