Нејмар користи компресивна чизма со НАСА технологија за побрзо да ја санира повредата

3293

Нејмар денеска објави слики на кои се гледа состојбата на неговиот десен скочен зглоб, кој го  повреди за време на дебито на селекцијата на Светското првенство. Меѓу фотографиите објавени на Инстаграм, се појавува и една на која се гледа специјална навлака за нога, која се користи за побрзо закрепнување.

Станува збор за технологија која Нејмар ја користи уште од времето поминато во Барселона. Тоа е опремата за физиотерапија со технологија на НАСА и има функција на забрзување на лекувањето. Може да се користи и за повреди на мускулите и за ортопедски проблеми – што е случај во моментов.

Компресивната чизма комбинира три различни техники на масажа, која ја активира циркулацијата на крвта. Го стимулира венското рекуперирање, го намалува отокот и ја ублажува болката. Исто така, го намалува заморот на мускулите, ја елиминира акумулираната млечна киселина и грчеви и го подобрува заздравувањето на меките ткива и коските.

Нејмар нема да биде достапен за натпреварите против Швајцарија, овој понеделник и против Камерун во петок. Се очекува Нејмар да се врати во нокаут-фазата.

ПретходноМеси се израмни со Марадона и дојде на два гола од рекордот на „Батигол“
СледноФИФА отвори постапка поради знамето во соблекувалната на Србија