ПМФЛ: Моќна е оваа Струга ТЛ, лидерот го “ОСВОИ“ и Кратово!

298

Во првиот меч од 16.коло, во дербито кое попладнево се одигра во Кратово, лидерот Струга Трим Лум едноставно покажа кој е кој и успеа со 1:2, со головите на Ибраими и Малески, за домашните стрелаше Ристовски, и да дојде до чекор до есенските почести. Односно до епитетот есенски шампион за тековната 2022/23 сезона.

Се почна со фаулот на Љамалари во домашниот шеснаесетник врз Ибраими во 10.минута. Класичен фаул за пенал, а тоа судијата Александар Грујоски убаво го виде и покажа на белата точка. Сигурен пеналџија беше токму Бесарт, гол за водство од 0:1 за Струга ТЛ, гол бр. 9 за Бесарт во тековниот шампионат.

Во 22.минута поради втор жолт картон Љамалари доби втор, односно црвен и го остави Силекс на милост и немилост до крајот на мечот.

Три минута подоцна фантастичниот Христијан Малески стрелаше за 0:2, откако се најде пред голот на домашните.

Во вториот дек кратовци се обидоа нешто да сторат, беше евидентно дека се нервозни, но Струга ТЛ беше таа што доминираше во шансите, според истите гостите можеа и мораа да постигна уште некој гол.

Но, во 83.минута Ристовски успеа да постигне гол за 2:1 и со тоа финишот да го направи интересен.

Маневски во 90.минута биеше од слободен удар, но за малку непрецизно.

Сепак на крајот резултатот гласеше 1:2 за Струга Трим Лум.

Сосема за крај, кога судијата означи крај дојде до мало кошкање мешу играчите, но за среќа се заврши без поголем инцидент.

ПретходноАзар: Пред четири години имавме поголеми шанси да ја освоиме титулата
СледноВМФЛ: Пелистер во 93.минута дојде до триумф, Вардар имаше милост кон Тетекс, Детонит до бод среде Гостивар