Полувреме: Струга ТЛ со головите на Ибраими и Малески “ГАЗИ“ во Кратово! (видео)

290

Одлично прво полувреме за Струга Трим Лум во Кратово, во дербито на колото на гости кај Силекс. Лидерот води со 0:2 и тоа со головите на Ибраими и Малески.

Прво во 10.минута Ибраими беше фаулиран во домашниот казнет простор, за судијата Грујоски немаше дилеми дека тоа е пенал. Сигурен изведувач беше токму првиот стрелец во ПМФЛ, Бесарт Ибраими, кому ова му беше деветиот гол сезонава.

Веќе во 25.минута Струга Трим Лум го удвои водството на 0:2 и тоа со голот на Малески, кој убаво се снајде пред домашниот голман и ја тресеше мрежата на кратовци.

Силекс од 22.минута е со играч помалку, Љамалари поради остар старт заработи втор жолт картон и мораше предвреме да го напушти теренот.

ПретходноСловенец со неверојатен рекорд го урна рекордот на скокалницата во Руки (видео)
СледноСупер Лина оди по нов трофеј во Ираклион, ќе игра финале на турнирот