Пролет и Тиквеш во директна пресметка за второто место! Чија серија ќе заврши?

72

Супер-лигата продолжува денеска, на програмата се шест мечеви, според распоредот на табелите во двете групи, би рекле доста интересни.

Во центарот на вниманието ќе биде пресметката меѓу Пролет и Тиквеш (18 часот). Ова е битка за второто место на табелата во групата Б. Домаќинот има 26 бода, еден повеќе од кавадарчани. И двата тима се во победничка серија, Пролет има четири триумфи во низа, додека избраниците на Данило Брестовац ќе ја бркаат шестата победа во серија.

Во истата група, Голден Арт го пречекува Радовиш во терминот од 14:30 часот. Скопскиот состав ќе ја брка петтата победа, додека пак гостите само втората.

Единствениот тим кој има перфектен скор, поточно 11 победи во исто толку одиграни меча, Вардар 1961 го пречекува Охрид во 18 часот. Актуелниот македонски првак во минатото коло го доби дербито со Алкалоид и се зацврсти на првото место на табелата на која ќе остане до крајот на овој дел од шампионатот.

Алкалоид пак нови бодови за враќање на победничката патека ќе бара против Струга на гости. Второто место засега е сигурно, но предводникот Кирил Лазаров и неговите момци одат со една цел – освојување на целиот плен на жешкиот терен во Струга.

Се чини најлесната задача ќе ја има Бутел Скопје, гостува во Куманово, бодовите ќе значат продолжување на трката за третото место или пак издвојување на истото доколку Охрид загуби од Вардар.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 12
26.11.2022 – САБОТА
14:30 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК РАДОВИШ
18:00 часот РК СТРУГА – РК АЛКАЛОИД
18:00 часот РК ВАРДАР 1961 – ГРК ОХРИД
18:30 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК ПРИЛЕП
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – ГРК ТИКВЕШ 2014
20:30 часот МРК КУМАНОВО – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
27.11.2022 – НЕДЕЛА
17:30 часот РК СКОПЈЕ 2020 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
ПретходноСлободен влез за дуелот меѓу Македонија и Германија!
СледноХоландија со најлош меч на СП, Ван Гал смирува: Имајте верба во овие момци…