И покажа дека е во одлично расположение, иако на сред Мундијал дозна дека е без клуб и дека зимава ќе мора да наоѓа нов. Манчестер Јунајтед и официјално се збогува со еден од најдобрите фудбалери во својата но и во светската историја, па Португалецот по бурниот период кој го мина ќе мора да донесе уште една клучна улога во кариерата.
Сепак, тој прави во моментов се за да светската јавност дознае дека е во добро расположение, и дека тоа што му се случува на клупски план не смее да се пренесе врз атмосферата во репрезентацијата на Португалија, напротив. Роналдо реши да го собере целиот тим и да го оведе на вечера, која секако сам ја плати, и да покаже дека единството на Португалците во моментов е големо. Дека тој е вистински капитен кој знае како да ја задржи атмсоферата во тимот и да покаже дека е посилен од сите проблеми со кои се соочува во моментов.