Фантастичен гол на Дјук за прва победа на Австралија на СП во Катар (видео)

123

По убедливиот пораз од Франција, репрезентацијата на Австралија се врати во 2. коло на СП во Катар и го совлада Тунис со 1:0 во Доха. Голот вреден три бода го постигна Мичел Дјук во 23. минута кој одлични реагираше по една нафрлена топка.
Потоа Австралија со одлична тактичка поставеност ја „умртви“ играта на Тунижаните кои никако не можеа да се втурнат кон голот на противникот. „Кенгурите“ полека но сигурно го приведоа мечот до крај и ја забележаа првата победа на шампионатот.
Инаку Дјук е првиот фудбалер кој игра во второлигашки клуб, а кој постигнува гол на СП во Катар. Тој игра во јапонскиот второлигаш Фаџано Окајама). Исто така неговиот гол е 50-ти на овој шампионат.
Последниот меч на Австралија е против Данска, а Тунис, кој одигра без голови во првото коло, ќе бара победа над фаворитот Франција.

Tunisia 0 – [1] Australia – Mitchell Duke 24′

Nov 26, 2022

Претходно„Л’Екип“: Заминувањето на Бензема има позитивен ефект врз репрезентацијата
СледноСРЕЌНОТО ТРКАЛО ГИ ДОНЕСЕ ДОБИТНИЦИТЕ НА ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ВО ПРВОТО КОЛО ОД „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“