Холандија со најлош меч на СП, Ван Гал смирува: Имајте верба во овие момци…

116

Холандија и Еквадор одиграа 1:1 во 2. коло од групната фаза на СП 2022. „Лалињата“ поведоа со голот на Коди Гакпо, а изедначи Енер Валенсија во второто полувреме. Момците на Луис ван Гал не играат добро, посебно во второто полувреме каде можеа и да го загубат мечот.
Тие запишаа антирекорд на СП со два удари во рамките на голот еден во првото и еден во ворото полувреме.
Стојам зад играчите. Не одиграа добро денес, но не треба да ги критикувате. Имајте верба во нив. Следниот меч ќе биде поинаков. Имаме четири бода, затоа ве молам поддржете го овој тим“, изјави Ван Гал.

Тимовите од Јужна Америка играат поинаков стил и со поинаков пресинг. Тие денеска беа поборбени од нас. Одбраната е добра. Не можам да кажам лошо за никого“, додаде селекторот на Холандија.

Ова доаѓа после критиките од поранешни фудбалери и аналитичари за настапот на Холандија на мечот со Еквадор. Ван Бастен зборуваше за Ван Дајк за кого кажа дека многу зборува пред мечевите, за потоа да биде тивок на теренот наместо да се искаже и да биде лидер.

 

ПретходноПролет и Тиквеш во директна пресметка за второто место! Чија серија ќе заврши?
Следно„Л’Екип“: Заминувањето на Бензема има позитивен ефект врз репрезентацијата