Еден од најквалитетните млади фудбалери во Македонија, нашиот У21 репрезентативец Методиј Максимов е пред трансфер во тимот на Шкендија.
Спортмедиа дознава дека членот на Работнички е мета на клубот кој се бори за шампионска титула, и кому 100.000 евра во моментов и не му се преголем проблем за да „искешира“ и да го доведе крилниот офанзивец.
Максимов пак е играч кој е лидер на надоаѓачката У21 генерација која што ќе биде дел од следниот квалификациски циклус, и е играч кој може да ја покрие целата десна крилна позиција, како бековска, така и офанзивна.
Токму ваквите засилувања за Шкендија ќе го направат овој тим уште поконкурентен, а цената на Максимов со самото играње во Европа ќе нарасне неколкупати одколку што е во моментов.