Попладнево се одиграа сите осум мечеви од 13.коло во ВМФЛ. Се чини најинтересно беше меѓу Пехчево Скопје и Пелистер. Домашните имаа водство од 2:0, но тогаш битолчани тргнаа на се или ништо и добија три бода. Прво намалија, па Маневски од пенал израмни на 2:2 за да Љамчевски со гол во 93 минута донесе големи три бода за Пелистер.
Вардар имаше милост кон Тетекс, го победи само со 0:2 и тоа со головите на Николовски и Мицевски. Јасно е дека кон “братскиот“ клуб не треба да покажуваш сила. Со оваа победа Вардар сега е лидер со оглед на тоа дека Гостивар киксна на свој терен. Детонит Плачковица одигра 1:1 и му “украде“ два бода на тимот од Гостивар.
Воска Спорт го победи Охрид со 3:0 во градското дерби и покажа кој е кој во градот.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 13.КОЛО
ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 2:3
КАМЕНИЦА САСА – КАРАОРМАН 2:2
БЕСА – БОРЕЦ 3:0
ГОСТИВАР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1:1
ВОСКА СПОРТ – ОХРИД 3:0
СЛОГА (В) – АРСИМИ 0:0
БЕЛАСИЦА – КОЖУФ 3:1
ТЕТЕКС – ВАРДАР 0:2