Крилниот напаѓач на германската репрезентација Лерој Сане се опоравува од полесна повреда и е под знак прашалник за натпреварот против Шпанија.
“Ќе го чекаме последниот тренинг и потоа ќе одлучиме за Сане. Доброто е што тој ќе го одработи тренингот со нас. Нашиот лекарски тим заврши многу добра работа и треба да видиме како ќе се чувствува за време на тренингот“, потврди селекторот на Германија, Флик.
Сане може да биде клучна алка во составот на Флик утре против Шпанија, особено што Германците немаат право на грешка.