Иако долго се мачеше сепак тимот на Голден Арт на крајот успеа да го победи Радовиш со 29:25. Победа со која и натаму е во игра за плеј-фот во Суперлигата. Иако беа фаворити пред средбата, сепак Голден Арт дури во последната 1/4 од средбата успеаја да ја обезбедат победата која и тоа како им беше важна.
На пауза се замина со 12:12, иако во еден момент гостите имаа водство од 10:12.
Во продолжение од средбата како што одминуваше времето домашниот состав играше се подобро и на крајот заслужено победи, иако не беше лесно, далеку од тоа.
Најдобар стрелец на мечот беше Мите Шилегов со 14 погодици.